Мини летен тренд: Карнери
Не се одрекувајте од гламурозниот и софистициран изглед дури и во лето, овој пат со вашиот омилен моден детаљ уште од детството додека одевте во забавиште. Тој оваа сезона доживеа нова модна преобразба.
Еднобојни светли фустани од крути материјали украсени со големи набори се ново правило за женственост.
Ново лице
Не сакате да се откажете од ретро дезените и другите широки и лелеави линии? Тоа е сосема во ред се додека карнерите се мали и нежни.
Ако успеете и да ги комбинирате по принтот со останатите делови од облеката, тогаш сте направиле полн погодок. За инспирација можете да ги употребите модните икони од 70-тите.
Драматичност
Имајте на ум дека карнерите треба да бидат централен детаљ на вашиот стил, да бидат драматични и со цврста структура, инаку постои можноста да изгледате како мало девојче кое оди на својата летна претстава за забавиште.
На струк
Уште една идеја која можете да ја пробате е карнерот да го додадете на некоја проверена комбинација посебно ако станува збор за корсет.