Идеални за топли денови и ноќи: Како да ги носите омилените туники?
Излозите на продавниците и ова лето се преплавени од туники во различни бои и со различни дезени, идеални за било кој дел од денот.
Ова вечно парче облека вреди да се најде и во вашиот гардеробер, па ако се уште не сте се подновиле, овие идеи сигурно ќе ве убедат.
Туниките се секогаш актуелни затоа што совршено ги сокриваат недостатоците, а ги откриваат само атрибутите.
Оваа сезона најбарани се туниките од проѕирни и шарени материјали, идеални за на плжа, но и за вечерни прошетки во комбинација со високи сандали.
Лесно се комбинираат како фустанчиња, со тексас шорцеви, џинс или тесни миди здолништа.
Ова се само неколку идеи како да ги носите: