Дизајнерите тврдат: Таа има најдобар задник на светот. Се согласувате? (фото)
На прв поглед можеби ви се чини дека овој модел и нема така посебен задник, но дизајнерите секогаш ја бараат неа кога имаат идеи за дизајнирање на нови модели на фармерки.
34-годишната Наташа Вагнер од Лос Анџелес по тврдењата на професионалците од индустријата на панталони има совршен задник.
Нејзините мерки одговараат на стандардниот број 32 и додека можеби некои би забележале дека е премногу слаба, некои би рекле дека има прекрасни облини без разлика на тежината.
Во што е тајната на нејзиниот совршен изглед? Ако дизајнерите се одлучат за некој преслаб модел и започнат да ги креираат и кројат фармерките токму по тој модел, истите ќе бидат употребливи само за преслабите девојки.
Повеќето слаби девојки имаат рамни колкови, а полните девојки имаат изразени колкови. Токму тоа ја прави Наташа идеален модел над кој може да се креираат фармерките. Таа иако е слаба, има широки колкови.
„Меѓу другото има и средна должина на нозете. Таа не е ниту превисока, ниту прениска“ – објаснува дизајнерката Џулиен Џармоун.
Наташа сега има постојана работа благодарение на нејзините „совршено просечни“ облини.
Ја вработиле и нејзините облини ги користат компании како: Levi’s, Gap, Old Navy, Lucky Brand и др.