Големо НЕ: 10 работи кои ниту една жена не смее да ги носи на работа

Освен ако не сакате сите да ве сметаат за непрофесионалец, ова се работите на кои треба да им кажете строго НЕ додека се облекувате за во канцеларија.

golemo-ne-10-raboti-koi-nitu-edna-zena-ne-smee-da-gi-nosi-na-rabota-01.jpg

1. Било што без прерамки

Не покажувајте премногу кожа, посебно не голи раменици. Ако облекувате топ без прерамки, барем префрлете тенка марама.


2. Шорцеви

Тексас шорцевите се резервирани за викенд, но ако баш мора да носите нешто кратко, одберете должина над колениците и малку повисок струк.


3. Апостолки

Апостолките се носат само на плажа и базен, без дискусии.


4. Прекратки здолништа и фустани

Да, летото е идеално време да ги покажете навежбаните нозе, но ако не сакате сите да имаат скриени намери, подобро е да ги оставите кратките здолништа и фустани за по работното време.


5. Кратка маичка

Со гол струк? Апсолутно непрофесионално.


6. Маица која е подолга од шорцевите или здолништето

Ако на прв поглед делува како да немате ништо под маицата, тогаш прескокнете ја оваа комбинација.


7. Огромен шешир

Совршен за на плажа, но за во канцеларија? Не сте тргнати да се сончате.


8. Корсети

Работната атмосфера не е најдобро место да се гордеете со своето бујно деколте.


9. Било што проѕирно

Иако летните денови се идеални за лесни материјали, мора да се погрижите градникот да не ви се гледа. Ако веќе си купивте кошула која се проѕира, одоздола барем облечете топ во месо боја.


10. Долна облека која се ѕирка

Ова е соодветно само за тинејџерките на летните фестивали и журки.

Би можело да ве интересира:

Исти фустани кои им стојат сосема поинаку на моделите и славните дами (фото) Од Кајли Џенер и Ема Вотсон, до Жилиет Бинош и Пријанка Чопра - некои фустани од...
6 совети како да носите широки фармерки и панталони, а да не изгледате како вреќа Кога носите широки панталони или фармерки, важно е да ги комбинирате со тесен то...
Познати дами во фустани кои одземаат здив кога ќе се свртат со грб Алесандра Амбросио, Хајди Клум, Ирина Шајк се само дел од дамите кои секогаш нè ...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Модна инспирација: Пролетни и летни комбинации со долги здолништа (фото) Тесни или во А-крој, без разлика за кое од нив ќе се одлучите нема да погрешите,...
32 идеи како да се дотерате за совршени Инстаграм фотки од плажа За да имате впечатлива фотка за Инстаграм од плажа (а да не сте во бикини), осве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg