3 типови на шешири со кои треба да се подновите ова лето
Постојат голем број на додатоци кои можеме да ги имаме ова лето, но не постои друг моден додаток кој се краси и со практичност. Станува збор за шеширот.
Тој не само што ќе ве заштити од сонцето туку и ќе го надополни вашиот изглед.
Еве 3 идеи за шешири кои можете да ги носите ова лето и за кои можете да бидете сигурни дека нема никогаш да излезат од мода и тренд.
1. Федора
Федората е омилен додаток и моден детаљ кога доаѓаат сончевите денови. Направен од обична слама и украсен со панделка.
Претставува вонвременски тренд кој доколку досега не сте го испробале претставува одлична идеја за новитет во вашиот изглед.
2. Панама
Панама моделот го обожаваат трендсетерките и него можеме да го забележиме на поголемиот дел од модните блогови.
Овој модел лесно може да се комбинира со различни стилови и прачиња на облека. Можете да го носите на секојдневни комбинации, а и на вечерни излегувања кога носите макси лелеави фустани.
3. Турбан
Доколку посакувате поженствен детаљ тогаш најдобро е да се одлучите за турбан кој ќе направи да изгледате секси, привлечно и помалку мистериозно. На овој начин ќе ја освежите и фризурата.
Одберете едноставни бои или направете го сами од шарени марами.