Како да ги носите најактуелните сандали за оваа сезона - гладијаторки? (фото)
Потребен ви е само еден пар сандали за да се претворите во вистинска модна гладијаторка!
Гладијаторките издоминираа уште на почетокот на пролетта, баш затоа што се удобни, моќни и впечатливи.
Ова лето сите погледи се насочени кон високите модели, во разни бои и со различен распоред на ремчиња.
Клучот за успешно комбинирање на овие сандали е да ги носите со едноставна облека, лесни и опуштени шорцеви, кошули, фустани.
Ако сте висока девојка слободно можете да носите црни или шарени гладијаторки, но ако немате многу долги нозе попрепорачливи се моделите во боја на кожата.
За каков модел и боја и да се одлучите, ова се најдобрите комбинации кои можете да ги направите кога жештините ќе ни пристигнат: