Венчаницата не мора да ви фаќа прашина: 11 супер трансформации
Венчаницата е најпосакуваниот и најсвечениот фустан за секоја жена. Постојат најразлични модели, секоја одбира она што најмногу одговара на нејзиниот стил.
Понекогаш моделите се преземаат од светските модни писти и колекции, а понекогаш самите невести имаат одредена замисла која треба да се дизајнира.
Сепак, колку и да се направи нешто оригинално, колку пари и да се потрошат, колку и да изгледа беспрекорно, тоа е секогаш фустан за една ноќ.
Но, оние кои се со покреативни умови и кои не се традиционално врзани за тоа дека венчаницата треба да е чува како спомен до крајот на животот, знаат да бидат и многу попрактични.
Со оглед на тоа колку материјал се употребува и какви детали се искористени, понекогаш е навистина штета сето тоа да остане вечно заробено во плакарот.
Наместо тоа, може да се прекрои, да се искористи еден дел, да се обои, да му се додадат некои детали и да се добие сосема нов фустан, кој е модерен или повторно свечен, но на поинаков начин и да го носите уште во многу следни прилики.
Ова се 11 трансформации кои некои храбри и практични жени ги направиле: