Совршена летна комбинација: Здолниште со цветен принт и обична памучна маичка
Оваа сезона модерни се неколку трендови меѓу кои е и комбинацијата од памучна маичка и здолниште со цветен принт.
Ова е комбинација во која со сигурност ќе бидете во тренд и ќе успеете истовремено да изгледате софистицирано и женствено.
Поголемиот дел од нас во жешките летни денови имаат проблем со изборот на облека во кој покрај тоа што сакаме да оставиме впечаток на софистицирана дама, сакаме да ги следиме и трендовите и најновите модни случувања.
Ова лето имаме среќа. Оваа комбинација со сигурност ќе ни ги овозможи и модерноста и софистицираноста.
Здолниште со миди должина и цветен принт е впечатливо само по себе и токму затоа не мора да го комбинирате со додатни детали кои може ако лошо ги искомбинирате да направат да изгледате од „шик“ во „кич“.
Токму затоа идеален додаток на ова здолниште е обичната памучна маичка.
Погледнете ја галеријата и инспирирајте се за вашиот нов летен изглед.