Зошто никогаш нема да изгледате како супермодел?

Опсесија, планови и континуирано мачење на телото. Многу млади девојки па и жени благодарение на сонот и желбата еден ден да поседуваат изглед и тело како младите супер модели од модните писти се одлучуваат за ригорозни диети, долготрајни и исцрпувачки тренинзи.

zosto-nikogash-nema-da-izgledate-kako-supermodel-01.jpg

Не е тешко да се сврти секој поглед кога некој изгледа како Кејт Мос или Миранда Кер и впрочем секоја долго нога убавица со витка става. Ова сфаќање за убавината и привлечноста на една жена е сосем погрешно. Не сите жени се родени да бидат супермодел. Буквално сфатете ја оваа реченица.

Супермоделите се родени, не се создаваат, изгледот е благодарение на нивните генетски предиспозиции. Колку и да се трудите да го промените изгледот на вашето тело нема во целосност да успеете благодарение на вашата телесна градба.

Постојат три основни градби и транзицијата од една во друга не е дека не е невозможна, но многу е голема веројатноста дека целосно ќе наштетите на вашето здравје. И секако колку и да се трудите нема да добиете високи и тенки нозе, освен ако не се одлучите за хируршки зафат.

Долгоногите убавици кои ви се смешкаат од модните списанија имаат таков тип на градба која се одликува пред се со брз метаболизам, високо и тенко тело и секако издолжени екстремитети. Супер моделите имаат така наречена „ектоморфна“ градба која тешко добива на тежина и мускулна маса.

Доколку го имате овој тип на градба веројатно воопшто никогаш и не сте помислиле на слабеење. Веќе сте природно надарени со витка градба.

zosto-nikogash-nema-da-izgledate-kako-supermodel-02

Во случај да не е така, тогаш веројатно припаѓате на еден од останатите два типа на градба.

Доколку сте тотална спротивност на ова, се одликувате со така наречената „ендоморфна“ градба. Овој тип на градба се одликува природно мала висина и мека мускулна маса која има тенденција да накачува на маса. Едноставно колку и да се трудите, вашиот метаболизам е прилично спор, а диетите додатно ќе го направат по спор.

Некаде на средината меѓу овие спротивности се наоѓа „мезоморфната“ градба. Главна карактеристика на овој тип е атлетската фигура со дефинирана мускулна маса и умерено брз метаболизам. Како и кај ендоморфните типови, постои можноста да имате на вишок килограми, но можете да ги намалите со добар тренинг.

Би можело да ве интересира:

6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Болеро и уште 9 трендови за есен 2024 од модните писти Од Барби фустани, но во поинаков футуристички стил до „леопард“ дезен, кои се мо...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Славни жени кои се облекуваат младешки (и се доказ дека годините не треба да го дефинираат стилот) Можете ли да ја замислите Шер во класични костимчиња, или Салма Хајек закопчана ...
5 типа обувки кои ќе бидат во тренд до крајот на зимата Од спортски патики со голема платформа, до тренди чизми - Какви обувки ќе бидат ...
Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)? Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg