5 Начини на кои може да го носите омилениот летен фустан
Летните фустанчиња наскоро ќе ни станат секојдневие поради високите температури, па затоа треба да најдеме различни начини на кои ќе ги комбинираме постојано без да ни досадат.
Ова се неколку идеи кои може да ги искористиме со нашето омилено летно фустанче или со кое било друго фустанче во нашиот плакар.
Без разлика на боја, должина, деколте, струк, овие комбинации ќе одговараат на сите ваши летни фустанчиња.
1. Во стилот на 70-тите
Римјанки, авијаторки, гломазен накит и обично кафеаво палто за летните ноќи комбинирани со вашиот летен фустан ќе ви дадат стајлинг во стилот на 70-тите.
2. Забавна елеганција
Лаковани ниски потпетици во нежна боја, модерна чанта и накит, како и кошула под вашиот фустан, комбинирани со палто во ист тон ќе ви дадат забавен, воедно елегантен стајлинг.
3. Во џентлменски стил
Бидете откачени и комбинирајте го фустанот со сако, модерни високи потпетици и елегантна чанта и накит. Стајлингот верувајте нема да остане незабележан и неискоментиран.
4. Лежерна комбинација
Без разлика дали се упатувате кон факултет, на кафе или на прошетка, комбинирајте го фустанот со обични патики, креативен накит и ранец кој ќе ви даде уште полежерен впечаток.
5. Бикини комбинација
Доколку не знаете што да облечете за на плажа ова лето, вашето омилено фустанче ќе заврши работа.
Комбинирајте го со летна марама, шешир, сандали, голема торба и вашите бикини под фустанчето за да не мора да се пресоблекувате.
Ќе добиете бикини комбинација со омилениот фустан која ќе ви стане омилена.