Мрачна тајна во модниот свет: Зошто манекенките имаат песок во гаќичките?

Моделите се принудени на сè покреативни и зачудувачки начини да ја сокријат својата вистинска тежина за да продолжат да функционираат во модниот бизнис.

mracna-tajna-vo-modata-zosto-manekenkite-imaat-pesok-vo-gakjickite-1.jpg

Замислете русокоса девојка со изглед на млада и невина ученичка кој сите го посакуваат. Свежото и младо лице на 15 годишното девојче кое е најчесто од североисточните земји како Русија и Украина, пристигнува во Миланo или Париз со замислата дека ќе стане познат супермодел кој ќе заработува многу и ќе владее со насловните страни на добро познатите списанија како „Вог“.

Пред почетокот на модната недела пристигнува во својата агенција и ја подготвува „книгата“ која ќе ѝ служи како портфолио кое ќе ги привлече модните дизајнери. Долги часови минува чекајќи го „кастингот“ со кој ќе учествува на нејзината прва модна ревија. Врата по врата полека ѝ се затвораат под изговорот: „Намали уште некое кило и моите креации би можеле да те соберат“.

Првите пет дена се одлучува за инстант слабеење со консумирање исклучиво течности. Ги знаеме приказните за тоа како моделите се исхрануваат. На прес-конференциите и интервјуата тврдат дека се хранат здраво и редовно, додека по статиите читаме дека се служат исклучиво со памукчиња потопени во сок од портокал и што ли уште не.

Не е ни чудно што се јавуваат случаи на „ненадејна“ смрт. Не е ненадејна, резултат е на долгогодишно мачење на организмот со нејадење од кое потоа откажуваат органите на младата девојка полна сништа за успех и слава. Таков е случајот со 19-годишната манекенка Бетани Валас која починала во домот на својата баба. Срцето му откажало на премалиот кутар организам.

mracna-tajna-vo-modata-zosto-manekenkite-imaat-pesok-vo-gakjickite-2.jpg

На другата страна од „реалниот“ свет благодарение на многубројните и непрестани критики, европските земји каде овој бизнис цвета, се одлучуваат за потпишување на закони со кои ќе се спречи употребата на девојки кои се преслаби.

Еден таков закон од неодамна е потпишан во Франција од страна на нејзиниот парламент. По овој закон девојките кои имаат премал индекс на тежина не смеат да се појават на модните писти, а за оние кои ќе го сторат тоа, следуваат парични казни.

Одеднаш проблемот станува сè покомплексен и контрадикторен. Зад вратата на модниот дизајнер треба да бидат барем 175 cm високи и веројатно помалку и од 45 килограми тежина. Секако, за ова не може да се знае благодарение на тоа што никаде нема официјална дата-база со нивната вистинска тежина. Пред оваа врата треба да минат низ мерења на тежината кои според законот треба да бидат со индекс на телесна маса помеѓу 18 и 18.5. Тежина што е близу нормалната тежина, односно која би ја имале прифатливо слабите девојки.

Во таквата ситуација девојките се принудени да измислуваат нови и креативни начини за да ја прикријат својата вистинска тежина. Исповедта доаѓа од бившиот модел Џенифер Скај, која за ова јавно проговорила.

Имено, таа ја раскажува приказната која една девојка ја споделила со неа. На париската и шпанската модна недела девојките биле принудени да ставаат вреќички песок во гаќичките за да покажат поголема тежина на вагата.

Звучи застрашувачки и трогателно, но единствено што ни преостанува е покревањето на свеста преку кампањи и написи кои ќе го вклучат алармот пред да се изгубат премногу млади животи.

Би можело да ве интересира:

Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
6 начини како есенскиот мантил да на изгледа здодевно на вас, туку стилски Монотоната беж боја заменете ја за некоја посилна боја или комбинирајте го со об...
4-годишно момче од Скопје е модна инспирација на Инстаграм „Инстаграм профилот на Алексеј е креиран од неговото раѓање, а како растеше сам ...
Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...
Модниот стил на кралот на трубата Џамбо Агушев - Весели бои, впечатливи палта (фото) Гардероба во весели бои и врвна забава - ова се првите асоцијации за Џамбо Агуше...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg