Убавината е во едноставноста: Минималистички сандали за оваа пролет (фото)
Сандалите со висока потпетица, ремче околу зглобот и едно ремче околу прстите изгледаат вонвременски. Истовремено се неодоливи, секси и минималистички.
Овие едноставни сандали беа апсолутен моден хит во 2013-та, но изгледа од тоа лето никогаш повеќе нема да излезат од мода.
Модерни беа и во ’90-те, се носеа со секси кожни здолништа и едноставни, тесни маички.
Ова лето доаѓаат во многу бои и дезени, па лесно можете да ги пролагодите на секоја комбинација и секое можно парче облека. Така без многу напор ќе добиете тренди, ненаметлив изглед.
Можете да ги носите со тесни фармерки или џинс со машки крој, тесни здолништа со цветен дезен или комбинезони. На секој изглед ќе додадат драма и сексапил.
Феноменални се за елегантни работни состаноци, лежерни летни кафиња и ручеци, па дури и свечености од секаков тип.
Погледнете како можете да ги носите оваа сезона: