15 правила кои секој маж во одело треба да ги почитува
Ако за прв пат одбирате и носите одело, или пак само сакате да проверите дали доволно добро изгледате додека го носите омиленото сако, само продолжете да читате.
Следат правила кои се основни и задолжителни за секој маж кој сака оделото да му стои како слеано.
1. Сакото мора да е закопчано додека стоите. Ако на сакото има 2 копчиња, тогаш горното е закопчано, а долното откопчано. Ако носите сако со 3 копчиња, доволно е да го закопчете само средното.
2. Спротивно на тоа, кога седите сакото мора да е откопчано, без исклучок.
3. Триделното одело може да изгледа старомодно, затоа обрнете внимание на елекот. Важно е тој да биде добро сошиен и прилично тесен.
4. За да проверите дали сакото ви е со вистинска големина, би требало да можете да ставите тупаница помеѓу градите и закопчаното сако.
5. Сакото треба да биде во линија со седиштето или столицата на која седите. Така најдобро ќе процените дали сте одбрале сако со правилна должина.
6. Никогаш не заборавајте да ги отшиете шлицовите на новото сако пред првото носење.
7. Каков материјал и квалитет ќе одберете, зависи од приликата. За секојдневно носење одберете одело во една боја, со ознака пониска од „супер 100с“. Нивото на квалитетот на материјалот се означува со 3 основни ознаки - супер 100с, супер 120с и супер 150с. Најдобар квалитет имаат оделата со последна ознака, која има и највисока цена.
8. Кога присуствувате на свечености задржете се до традиционалните бои - тегет, црна и темно сива.
9. Ако носите кошула со дезен, задолжително одберете еднобојна кравата и обратно.
10. Под сакото секогаш се носи кошула со долги ракави. Манжетните на кошулата треба да се ѕиркаат од 1 до 3 сантиметри.
11. Марамчето кое се става во џеб не се ускладува со оделото, туку со кошулата или краватата.
12. Не претерувајте со додатоците. Одберете само едно од следниве - џебно марамче, шнола за кравата или украсни манжетни. Се одеднаш е нападно.
13. Шнолата за кравата не смее да биде поширока од самата кравата.
14. Никогаш, ама баш никогаш не носете спортски часовник со елегантно одело.
15. Со секое одело облечете посебни елегантни чорапи. Бојата одберете ја соодветно со панталоните или евентуално нека бидат нијанса до две потемни. Чорапите би требало да бидат доволно долги за ногата да не ви се ѕирка кога седите.