10 Стилски совети од Џони Деп

За разлика од другите славни мажи, кога станува збор за стилот Џони Деп, тој никогаш не ги следи актуелните модни трендови, туку си останува верен на својот вкус.

10-stilski-soveti-od-djoni-dep-1

Сепак овој познат актер секогаш изгледа модерно и воодушевува со својот изглед, па тогаш во што е тајната?

Момци, тајната се крие во овие 10 стилски совети:

1. Коса

Косата на Џони Деп секогаш има природен и неуреден изглед. Секако, изгледот на косата е различен во зависност од настанот на кој се присуствува, па така доколку одите на формален настан тогаш убаво исчеткајте ја, а за секојдневните излегувања оставете ја таква каква што е.


2. Очила

Одберете си очила кои ќе одговараат на обликот на вашето лице, но секако не држете се само за еден пар. Во резерва имајте повеќе видови на стакла и очила кои ќе можете да ги носите во склоп со гардеробата.


3. Шешир

Шеширите како да се заштитен знак на славниот актер, од каубојски стил па сѐ до разни видови на капчиња. Секако, можете да се одлучите и за класичниот шешир.


4. Џинс

Во гардероберот на Џони Деп преовладуваат скинатите фармерки, кои се спуштени до колкови и изгледаат толку комфорно на него. Заборавете на класичните панталони и препуштете се на удобните фармерки.


5. Чевли

За формалните настани задолжително е да поседувате еден пар елегантни чевли, но исто толку и задолжителни се високите кожни чизми со ретро изглед. Кога станува збор за чевлите кај него преовладуваат црната и кафената боја.


6. Аксесоари

 

Ретко можете да видите фотографија од Џони Деп на кој тој нема ланче или алка. Токму тие детали му даваат некој специфичен изглед на актерот, затоа момци бидете слободни во изборот на аксесоарот и поиграјте си различни ланчиња, прстени, обетки и слично.

10-stilski-soveti-od-djoni-dep-5

7. Тетоважи

Не велиме дека треба веднаш да се истетовирате, напротив Џони Деп има тетоважи кои се дел од неговата сентиментална природа. За замена на тетоважи, пронајдете си некој ваш стил, аксесоар или парче од гардероба, кој ќе биде израз на вашата личност и интима.


8. Капут и кошули

Можеби ќе речете дека веќе поминало времето кога кошулите се врзуваа околу струкот, но Џони Деп е тука за да покаже дека без разлика на модните стручњаци и совети, тој сепак нема да се откаже од своите капути и кошулите врзани за струкот.


9. Брада

Брадата и мустаќите се заштитен знак на овој актер, секако тука е и неговата шармантна насмевка. Ако не можете да пуштите брада, сигурно можете да се насмевнете.

10-stilski-soveti-od-djoni-dep-7

10. Став

Џони Деп е личност која ни покажува дека во животот е најважно да се пронајде страста и да се остане доследен на себе. Бидете тоа што сте и не менувајте го својот став и стил за ништо на светот. 

Би можело да ве интересира:

10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
6 совети како да се облечете во зима за да изгледате одлично (и да не ви студи) Капут со крзно околу вратот, волнени наместо кожени ракавици... Како да се облеч...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg