Како да ги проширите тесните чевли?
Пролетта пристигна, а со неа и еуфоријата за нови балетанки и штикли. Сепак, заедно со нив си следуваат многу непријатности - линии и ранички од тврдите и стегнати рабови, па и по некој плик.
За да ги избегнете болните маки, штом ги купите чевлите пробајте ги овие проверени совети:
- Компирот е решение број 1. Земете еден со средна големина, излупете го и ставете го во чевлите. Оставете го да отстои преку ноќ и утредента ќе видите дека чевлите се рашириле за барем половина број.
- Наполнете една кеса со вода, заврзете ја и ставете ја во чевлите. Потоа заедно со неа ставете ги во замрзнувач 24 часа. Водата ќе се претвори во мраз кој ќе ја прошири внатрешноста.
- Кожните чевли можете да ги раширите со фен за коса. Облечете дебели чорапи, загрејте ја кожата, па потоа облечете ги чевлите и одете со нив додека материјалот не се олади.
- Секогаш можете да направите раствор од алкохол и вода во размер 50:50 и со него да ги истриете чевлите. Потоа носете ги околу половина час додека не се исушат.
- Намокрете неколку чорапи и добро исцедете ги, а потоа наполнете ги тесните чевли со нив. Оставете ги да отстојат една ноќ. Истото можете да го направите и со стари весници.