Бохо стил за лето 2015
Модните дизајнери изминатава есен, одново беа инспирирани од движењата на 60тите и 70тите години. Ова особено важи за појавата на бохеизмот и хипи движењето на ревиите на Валентино, Клое и Етро.
Продавниците сега се преполни со модели кои се идеални, како за секојдневието, така и за топлите летни ноќи. Ова лето може и вие да дадете нова модна изјава и да вметнете неколку нови парчиња облека или мали детали.
Размислувајте за ѕвончести ракави, кимона, макси фустани, сите нијанси на кафена и окер боја. Не изоставајте ја можноста и да ги вратите туниките во вашиот орман. Разгледајте ги сите типови на текстурирани плетени маички и понча. И сево ова, секогаш може добро да се комбинира со пар светли фармерки, со или без, висок струк.
И секако никогаш не заборавајте дека, бохо стилот бара многу накит. Додадете шаренило, метали, пердуви, масивни ѓердани и алки.
Идеален и централен дел на вашиот нов бохо стил е белиот фустан.
Летото со себе секогаш ги носи светлите бои, а најатрактивната и наједноставна светла боја, е белата. Така краткото бохо фустанче е новиот класик кој треба да се најде во гардероберот на секоја девојка. Може да биде секојдневно праче, но и сон на летната ноќ.