Како да ги носите искинатите фармерки без да делуваат евтино?

Искинатите фармерки веќе со сезони се задолжително парче во потоплите денови, кое за жал често пати знае да изгледа евтино.

kako-da-gi-nosite-iskinatite-farmerki-bez-da-deluvaat-evtino-01.jpg

Тие асоцираат на шик уличен стил и нешто поопуштени дневни комбинации, со една мала доза на сексапил.

За да го постигнете овој изглед, наместо евтиниот впечаток, неопходно е да почитувате неколку модни правила и совети.

- Искинатите фармерки комбинирајте ги со маички во боја на кожата за да ги ставите во фокусот.

- Избегнувајте да носите цветни принтови. Во комбинација со искинатите фармерки ќе изгледате натрупано.

- Ако ви се допаѓаат искинати фармерки во потемна нијанса, вклопете ги со црна маичка, а потоа минималистичката комбинација збогатете ја со анимал принт или црвен кармин.

- Асиметрично искинатите фармерки најдобро се вклопуваат со карирана кошула.

- Панталоните искинати на неколку мали места искомбинирајте ги со пруги и ќе добиете моден погодок.

- Црните искинати фармерки исто така се супер за спојување со маички, кошули и високи потпетици во карамела боја.

- Никогаш нема да погрешите ако одберете кожна јакна, додека со тексас моделот може многу да погрешите. Двојниот тексас не е добра идеја кога носите искинати фармерки.

- Машките и широки модели со изресени ногавици секогаш носете ги со високи потпетици.

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
7 трикови што ќе ви помогнат од око да ги изберете најквалитетните фармерки Обрнувате ли внимание на рабовите, големината на алките за ремен или на нитните?...
Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)? Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...
8 модели на сандали и влечки кои ќе бидат тренд ова лето Плетени, сандали со високи полни потпетици, влечки со златни и сребрени детали.....
Модели на тексас здолништа совшрени за пролетни и летни комбинации Кратки или долги, широки, исканати... со тексас здолништата нема да погрешите. ...
Детали на кои треба да обрнете внимание кога купувате чанта – прават да изгледа „евтино“ Непријатен мирис и конци што висат – на кои ситници да обрнете внимание кога куп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg