Бизнис мода за жени: Што да облечете утре на работа?
Денес ретко која компанија има униформа, но сепак постои одреден бизнис кодекс кој мора да се почитува. За да не западнете во монотонијата на белите кошули и црните панталони, ви нудиме мало пролетно освежување.
На обичните бизнис комбинации најчесто им недостасува впечатлив дезен, детаљ и боја, па затоа обидете се да ги вклучите уште утре додека се подготвувате.
Панталоните не мора да се секогаш црни, кошулата не мора да е секогаш еднобојна, исто како и сакото.
Штиклите може да бидат црвени, крем, пастелно сини или виолетови, сè додека немаат превисока платформа или не се во неонска нијанса.
Здолништата може да се класични, а може и да се дамски, со фалти, под колениците.
Панталоните исто така може да се широки, наместо тесни, со висок струк, наместо стандардни фармерки.
Пролетта е време кога треба да експериментирате и да го облечете она што мислевте дека никогаш нема да ви прилега. Секако, умереноста е клуч за успех.
По оваа галерија, ќе ви стане јасно за што зборуваме.