Задолжително за идните невести: 10 причини зошто венчаницата ви изгледа евтино

Дури и да купувате венчаница со ограничен буџет, белиот невестински фустан е најскапото парче облека кое ќе го купите во текот на целиот живот. Затоа, потрудете се да изгледа што попрефинето.

zadolzitelno-za-idnite-nevesti-10-pricini-zosto-vencanicata-vi-izgleda-evtino-01.jpg

Избегнете ги овие 10 грешки кои ги прават голем дел од невестите:

1. Премногу бел материјал

Наместо да бирате беспрекорно бел фустан, обидете се со светла крем, шампањ или бисерна нијанса. Така ќе добиете многу мек и романтичен изглед.

zadolzitelno-za-idnite-nevesti-10-pricini-zosto-vencanicata-vi-izgleda-evtino-02.jpg


2. Изработен е од синтетички, евтин материјал и машински изработена тантела

Факт е дека ви се потребни многу метри материјал, па затоа размислувајте правилно. Наместо да вложите во повеќе метри евтина, машински изработена тантела која ќе изгледа како залепена за вас, одберете поедноставен материјал, а акцентот ставете го на рачно изработената тантела на грбот. Ако имате ограничен буџет држете се до поедноставните венчаници.

zadolzitelno-za-idnite-nevesti-10-pricini-zosto-vencanicata-vi-izgleda-evtino-03.jpg


3. Премногу свети

Избирајте матирани материјали! Многу често сатенскиот сјај ја уништува вредноста на прекрасниот модел, затоа и во овој случај важи правилото помалку е повеќе.

zadolzitelno-za-idnite-nevesti-10-pricini-zosto-vencanicata-vi-izgleda-evtino-04.jpg


4. Изгледа како фустан за на маскенбал

Откажете се од замислата да бидете секси невеста со деколте до папокот или откриен корсет. Фокусирајте се на срцевидното деколте или длабокиот шлиц. Доволно е да одберете еден момент кој ќе открива малку повеќе кожа, наместо да личите како да одите на маскенбал.

zadolzitelno-za-idnite-nevesti-10-pricini-zosto-vencanicata-vi-izgleda-evtino-05.jpg


5. Градите ви се претерано стегнати

Не ги казнувајте градите ако ви се мали, туку приспособете го моделот. Истото важи и за преголемите гради кои мора да имаат соодветни корпи и потпора. Ништо не е поважно од вистинската големина.

zadolzitelno-za-idnite-nevesti-10-pricini-zosto-vencanicata-vi-izgleda-evtino-06.jpg


6. Има премногу детали

Машнички, чипка, цветови, карнери... На еден фустан? Премногу евтино. Бидете поодлучни и одберете само еден детаљ и акцент.

zadolzitelno-za-idnite-nevesti-10-pricini-zosto-vencanicata-vi-izgleda-evtino-07.jpg


7. Модел без прерамки

Нема ништо понепривлечно од средена невеста која постојано си го поткрева фустанот. Ако на пробата барем еднаш го подигнавте, време е да се одлучите какви прерамки ќе ставите.

zadolzitelno-za-idnite-nevesti-10-pricini-zosto-vencanicata-vi-izgleda-evtino-08.jpg


8. Претеравте со накитот

Иако не се работи конкретно за фустанот, и накитот може да ве направи да изгледате евтино, или отмено и скапо. Одберете или венче за на глава или огрлица, никогаш не ги носете и двете.

zadolzitelno-za-idnite-nevesti-10-pricini-zosto-vencanicata-vi-izgleda-evtino-09.jpg


9. Неодредена должина

Никогаш, буквално никогаш не одбирајте фустан кој напред е мини и има закачена опашка. Изберете една должина, било која.

zadolzitelno-za-idnite-nevesti-10-pricini-zosto-vencanicata-vi-izgleda-evtino-10.jpg


10. Очајно сакавте да бидете Дизни невеста

Но, на крајот голема е веројатноста да бидете кич невеста. Наместо да се огледувате на цртани ликови, попаметно е да одберете славни личности кои биле беспрекорни невести. На пример, Кејт Мидлтон.

zadolzitelno-za-idnite-nevesti-10-pricini-zosto-vencanicata-vi-izgleda-evtino-11.jpg

Би можело да ве интересира:

10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
Елена Најдоски одржа модна лекција: Како да ја комбинирате белата боја и во зима? Бел фустан искомбиниран со црна панделка, бел костум и бела блуза со крем капут....
Луксузен фустан со 1.350 пердуви за ѕвездата на шоуто „Dubai Bling“, од нашиот дизајнер Златко Јован... „Мене ми беше замислен во боја на лаванда, но Фархана Боди се реши за кралско си...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg