10 Модни правила кои смеете да ги прекршите

Модните правила постојат за да го дефинираат тоа што повеќето сметаат дека е убаво и прифатливо, но секако од секое правило постои исклучок...

10-modni-pravila-koi-smeete-da-gi-prekrsite-1-.jpg

Денес никој не ги следи модните правила слепо, а следниве можете слободно да ги прекршите:

Правило број 1: Никогаш не комбинирајте различни дезени во горниот и долниот дел

Ова правило се однесува на комбинацијата на блузи и здолништа или кроп маичките со панталони и истото се смета целосно погрешно. Денес е и повеќе од дозволено да си играте со различни бои и дезени.


Правило број 2: Никогаш не комбинирајте сино и црно

Напротив, црната и светло сината боја е идеална за комбинирање. Не плашете се да облечете сино здолниште или панталони со црна маичка или кошула.

10-modni-pravila-koi-smeete-da-gi-prekrsite-1


Правило број 3: Чантата и чевлите да не бидат иста боја

10-modni-pravila-koi-smeete-da-gi-prekrsite-4

Како што модата напредуваше, така и ова правило стана застарено, па така денес е дозволено да носите чевли и чанта во иста боја и да изгледате одлично.


Правило број 4: Облекувајте се за работата која ја сакате, а не за таа која ја имате

И ова правило денес е доведено под знак прашалник. Доколку не работите на позиција менаџер, навистина не е потребно да одите во одело на работа секој ден.


Правило број 5: Немојте да носите длабоко деколте

Времињата се променија, па деколтето можете да го видите на шалтерите во банките, во шоу бизнисот, во јавните установи... Веќе актуелни станаа и проѕирните маички кои го откриваат градникот, што значи деколтето е повеќе од дозволено.


Правило број 6: Немојте да носите штикли ако сте високи

10-modni-pravila-koi-smeete-da-gi-prekrsite-2

Пример за демоде правило! Чевлите со висока потпетица целосно ја менуваат положбата на женското тело и тоа изгледа многу поубаво.


Правило број 7: Немојте да носите мини здолништа

10-modni-pravila-koi-smeete-da-gi-prekrsite-5.jpg

Ако имате убави нозе, немојте да се срамите да ги покажете.


Правило број 8: Не купувајте неквалитетни чанти

Денес можете да носите буквално сѐ. Тогаш, зошто не би можеле во вашиот гардеробер да имате една евтина чанта или некое детско, шарено чантиче за топлите денови?


Правило број 9: Не носете бело во зима

Факт е дека белиот капут, белиот шал, капа изгледаат прекрасно во зима.


Правило број 10: Не комбинирајте две слични бои

10-modni-pravila-koi-smeete-da-gi-prekrsite-3

Овие денови најактуелниот тренд е токму колор-блок комбинацијата и благодарение на него се покажа дека две различни нијанси можат убаво да се спојат во една. Слободно играјте си со боите и правете разни комбинации. 

Би можело да ве интересира:

Модни трендови од раните 2000-ти кои денес изгледаат смешно Некои трендови никогаш не би сакале да се вратат, на пример здолништа преку фарм...
Бои на облека кои најмногу одговараат на бринети: 5 победнички опции Бои кои ќе ја истакнат вашата природна убавина и боја на коса, а со кои ќе изгле...
Пет модели на панталони кои треба да ги имате оваа пролет Наместо фустан решете се за некој од овие пет модели на панталони доколку сакате...
Кратки панталони кои се тренд за лето '24 и мора да ги имате Ова лето ако сакате да бидете во тренд со изборот на кратки панталони, тогаш со ...
Предлог модни комбинации со бордо црвена – омилена боја за оваа зима (фото) Капут, здолниште или сам мал детаљ во бордо нијанса – Неколку предлози како да ј...
8 модни парчиња што вреди да ги купите оваа есен (дури и ако гардероберот ви е преполн) Мантил со маслинеста боја и црни мокасини – со кои парчиња ќе бидете тренди оваа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg