Направете сами: Здолниште или фустан од марама (видео)
Марамата е одличен моден детаљ, кој одговара со секоја комбинација. Но, сега од омилената марама можете да си направите интересно здолниште или фустан за пролетните топли денови.
За вакво нешто, потребна ви е марама чии краеви се споени. Доволно е само да ја облечете до струк, да ставите каиш и магијата може да започне.
Каишот е задолжителен, бидејќи во овој случај ја зацврстува марамата.
Од само едно парче ткаенина ќе добиете фустан кој можете да го носите навечер или здолниште за преку ден, а секако ќе изгледате целосно поинаку.
За постудените денови слободно ставете сако, кое одлично прилега со фустан направен од марама.
За дополнителни инструкции, погледнете го ова видео и не заборавајте целосната комбинација да ја дополните со алка, обетки и каиш со кој ќе го нагласите струкот: