Момци проверете си го гардероберот: Овие работи треба да ги има секој маж
Вообичаено се смета дека девојките имаат работи без кои не смеат да излегуваат од дома, мора да ги имаат во гардероберот или се задолжителни парчиња кои ја прават вистинска дама.
Но, со најразличните трендови кои одамна ги следат и момците, постојат некои задолжителни работи кои мора да ги поседуваат и кои ги дефинираат како мажи со стил.
Тоа не мора да биде скапа облека по последна мода, но мора да го има како дел од својот имиџ:
Бела маица
Постои мислење дека белата маица е поважна и од белата кошула. Едно од парчињата за кое не треба да штедите пари и кое лесно може да го комбинирате и во спортски и во поелегантни комбинации.
Одлично одговара со некое спортско одело, под јакна, џемпер или само со фармерки.
Дуксер со качулка
Идеален е за слоевито облекување во пролетните и есенските денови, за променливо време или за тренинг во природа.
Покрај спортскиот дуксер има и полуксузен дуксер кој е напаравен од поубав материјал како кашмир, кој му дава посебно чувство на удобност и елеганција. Зависно како ќе го комбинирате, може да ви даде многу привлечен изглед.
Ранец
Квалитетен и добар ранец е нешто за кое вреди и да платите бидејќи е практичен и функционален. Без разлика дали во него треба да ја спакувате опремата за на тренинг или одите некаде со велосипед, ранецот на грб е многу практично решение.
Потребен ви е водоотпорен, широк ранец, со повеќе прегради кои може да го комбинирате и со оделото за на работа.
Квалитетен џемпер
Секој маж сака практични парчиња облека кои може да ги носи во различни прилики. Џемперот е токму тоа. Може да го носите и на прошетка и на работа и на некој состанок.
Кожен паричник
Кожата е отмен материјал кој им дава посебен изглед и на обичните работи. Едноставноста на ваквите паричници е она што ги прави класичните работи, никогаш да не излезат од мода.