Марама во коса: 7 начини како да ја врзете оваа пролет
Сите понекогаш имаме утра кога косата едноставно не нè слуша. Или едноставно, немаме инспирација што да направиме со неа. Тогаш земете една марама, превртете ја, заплетете ја, заврзете и готово!
Кога сè ќе ви се чини здодевно, искористете некоја од овие идеи:
1. Плетенка
Секогаш брза и добра опција кога не знаете што да и правите на косата. Следен пат пробајте да вметнете една флуоресцентна, тенка марама. Сигурно ќе бидете забележани.
2. Акцентирано коњско опавче
Оваа фризура може да се направи за помалку од 5 секунди, а секако ќе ве ослободи од едноличниот изглед. Текната цветна марама е секогаш добредојдена да се помеша со неколку прамени коса.
3. Турбан
Ако косата ви е непослушна, турбанот ќе ја реши маката. Со мала креативност може да се претворите во стилска икона.
4. Едноставен твист
Едноставно врзаната марама над челото делува женствено и софистицирано. Сепак, не делува премногу елегантно, па затоа е погодна само за полежерните дневни настани.
5. Пунџа со машна
Кратките и мали марами се идеални за финиширање на елегантните пунџи. Направете ја стандардната ниска или висока пунџа, замотајте ја марамата и направете машна. Подготвени да ги освоите сите погледи!
6. Собрана кратка коса
Кратката фризура може да делува монотоно само ако не знаете како да ги искористите аксесоарите за коса. Следен пат пробајте го ова широко врзување.
7. Висока пунџа со долга марама
Не ви се потребни посебни вештини за обичната висока пунџа да ја претворите во елегантна пролетна фризура. Само треба да најдете тесен, а долг модел на марама и бои кои ќе се вклопат во комбинацијата која ја носите.
Неколку туторијали за оригинален изглед со марама во коса: