Дали оваа девојка ви личи на „плус сајз“ модел?
Ако се водите според стандардните мерки на модните агенции, тогаш секоја манекенка со обем на струкот над 60 cm или со поголеми колкови би била „плус сајз“ манекенка.
Но, ако малку го проширите видикот и забележите дека некои девојки имаат поинаква градба, со пошироки коски, но сепак затегнато и добро градено тело, тоа не значи дека тие се дебели или дека не можат да бидат манекенки.
Напротив, модните агенции се оние кои треба да ги поместат границите и да ги срушат предрасудите за да им дадат добар пример на младите девојки ширум светот. Потребни се модели од сите возрасти, висини, тежини, градби и националности.
Она што е важно е да бидат негувани и одржувани, а не да изгледаат анорексично. Токму за тоа се бори и Стефанија Ферарио од Мелбурн, Австралија, која модните агенции ја сметаат за „плус сајз“, но таа е среќна што е модел и не сака да обрнува внимание на ништо освен тоа.
Дали вам ви изгледа како „плус сајз“ модел?