Како да ги носите омилените фармерки во рана пролет? (фото)
Фармерките се најпрактичното парче гардероба во кое може да вложите и кое засекогаш ќе има посебно место во сечиј гардеробер.
Може да се најдат во различни кроеви, модели, бои и стилови, па баш затоа се соодветни за речиси секоја пригода.
За нешто помладите девојки кои едвај го чекаат пролетното сонце, ги предлагаме „искинатите“ фармерки. Тие сами по себе се впечатливи, па сосема е доволно да ги искомбинирате со некоја обична маичка или кошула, во зависност од приликата. Во нив секогаш ќе изгледате шик и лежерно.
Класичните тесни фармерки идеално си одговараат со секое сако кое го имате во гардероберот, како за ноќни, така и за дневни, нешто поелегантни варијанти.
Во постудените денови над фармерките и обичната маичка секогаш можете да додадете долго палто или потопол џемпер.
Балетанките, сандалите, мокасинките и салонките, како и очилата за очи се задолжителен аксесоар.
Ви недостасува некоја свежа идеја како да ги носите омилените фармерки на првото пролетно сонце?