Како да изгледате секси и без разголено деколте?
Деколтето е еден од најчестите атрибути кој се поврзува со женственост и сексапил, но постојат жени кои не сакаат да го истакнуваат претерано.
Ако сте една од нив или едноставно деколтираната блуза не ви е доволно пристојна, еве како може да го постигнете тој ефект.
Фустан припиен за тело - Идеален начин да ги истакнете облините без да го одвлекувате вниманието кон вашите гради.
Фустан и здолниште со А крој - Предноста на овој модел е што го нагласува струкот и го насочува погледот кон нозете.
Разголете го струкот - Заборавете на голите нозе и деколтето, здолништето со висок струк и кратката маичка може да направат чудо. Иако се работи само за неколку сантиментри гола кожа, ефектот е фантастичен.
Истакнете ги нозете - Едно најосновно правило кое мора да го почитувате, или голи нозе или голо деколте. Па кога сте се откажале од едното, фокусирајте се на другото.
Разголете ги рамениците - Маичките и фустаните кои ги откриваат голите раменици и клучната коска може да бидат двојно посекси од фустанот со деколте.