Машки водич: 3 кошули кои ви требаат за секое одело
Освен што е важно какво одело ќе одберете, уште поважно е што ќе облечете под него. Но, маж како маж, често пати е во недоумица дали ќе го направи вистинскиот моден избор.
За никогаш да не згрешите, секогаш бирајте една од овие 3 кошули под сакото и оделото.
1. Бела
Вечна класика која секој маж ја има во гардероберот. Сите одела и сакоа одговараат на класичната бела кошула. Единствено во канцеларија може да ја носите без кравата, а за вечерните и свечени појавувања, ставете кравата или лептир машна.
2. Во риги
Кошулата со тенки вертикални риги е незаменлива. Можете да одберете текни или широки, во неутрални или потемни бои. Само внимавајте краватата или лептир машната да не бидат со дезен.
3. Еднобојна кошула
Најдобро е да се снабдите со повеќе кошули без многу дезени и шари. Предноста на овие кошули е што доаѓаат до израз под секое сако и одело. Црната кошула е секогаш добар избор под темно сивото одело, но и со фармерките кои треба да делуваат малку поелегантно.