Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како до совршено лице?

kako-do-sovrseno-lice-povekjeЗошто да купуваме скапи козметички препарати кога до истите резултати можеме да дојдеме со смеси кои ќе ги подготвиме во нашата кујна? Сé што ни е потребно...

 

...е да знаеме која состојка за што служи и како да ја подготвиме. Затоа подалеку од хемикалиите и дозволете и на природата да и помогне на вашата кожа да блесне во вистинското светло.

За сјајна кожа kako-do-sovrseno-lice

Маската за лице од белки и мед ја отстранува нечистотијата од лицето и додека белката го затегнува лицето, медот и ја дава потребната влажност на кожата. Нанесувајте ја оваа маска на лицето еднаш неделно и ќе имате значително поздрава и поблескава кожа.

Мешавината од житарици, мед, јогурт и бадемово масло е исто така одлична за чистење на кожата. Нанесете ја смесата на лицето, задржете 5минути и потоа исплакнете со млака вода. Сличен ефект предизвикува и краставицата, која е природен чистач. Помешајте го сокот од краставица со млеко и наместо со тоник чистете го лицето со таа смеса.

За масна кожа

Ослободете се од масниот сјај на кожата со мешавина од грозје, лимонов сок и белки. Нанесете ја смесата на лицето, оставете да делува 20 минути и потоа исплакнете со млака вода. Лимонот ја чисти кожата, а белките ја затегнуваат.

Лимонот можете и да го исечете на парчиња и така да го втриете во лицето. Оставете да отстои околу 20 минути и потоа исплакнете со ладна вода. Ќе почуствувате моментално освежување.

Маска за масна кожа можете да подготвите и од тиквички со млеко. Оставете ја смесата на лицето околу половина час и ќе забележите дека маснотијата потполно исчезнала.

За акни

Направете смеса од истолчени листови ментол и пченкарно брашно. Оваа смеса ќе ги намали акните. Нанесете ја смесата на лицето, оставете да делува околу 20 минути и потоа исплакенете со топла вода.

Друга можност ви е маската од истолчен лук. Сокот кој ќе го испушти истолчениот лук нанесувајте го секојдневно на местата со акни.

Би можело да ве интересира:

Бои на облека кои најмногу одговараат на бринети: 5 победнички опции Бои кои ќе ја истакнат вашата природна убавина и боја на коса, а со кои ќе изгле...
Модата „се враќа“ – Аутфити инспирирани од раните 2000-ти (фото) Минијатурни маички со принтови, впечатливи очила во дречливи бои, панталони со м...
8 модни парчиња со кои секогаш ќе изгледате елегантно (дури и во дневни комбинации) Долго сако и ленени панталони за многу топлите денови – кои модни парчиња се дов...
Моден двобој: Како изгледаат дизајнерските фустани кога ги носат познати ѕвезди со облини? Дали им стојат подобро на слабите манекенки, или пак на познатите личности со об...
Микро чанти и уште 5 модни парчиња кои е тешко да се носат во секојдневието Џемпери со дупчиња - секогаш мора да размислите што да облечете оддолу и да ви б...
Како да носите елегантни шорцеви, а да не изгледате вулгарно? (фото) За на работа, за прошетки на патувачки дестинации, за викенд кафе или вечерни из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg