Лејди Гага во бела венчаница, Скарлет Јохансон како неуспешна сирена, а Џеј Ло со деколте до папок на Оскари 2015
Оваа година Оскарите беа сплет на фантастични тоалети и катастрофални модни грешки. Пастелните нијанси, високите шлицови, светкавите материјали и длабоките деколтеа е она по што ќе го паметиме овогодинешниот црвен тепих.
Дакота Џонсон која изминативе неколку месеци постигна светска слава, не воодушеви. Црвената едноставна тоалета е во нејзин стил, но не соодветствува на фигурата и градбата без облини. Дури и длабокиот шлиц не е она што би требало.
Лејди Гага се појави во најава за бела венчаница на која додаде црвени кожни ракавици и црвен аксесоар во косата. Во секој случај, по малку чудна креација.
Џенифер Анистон пак, остана доследна на холивудскиот гламур со крем тоалета со средно висок шлиц, извезена со монисти.
Само неколку месеци по породувањето, Скарлет изгледа не успеа во обидот да изгледа како сирена. Кројот на смарагдно зелениот Версаче фустан никако не одговара на нејзиното тело, а гломазниот момент околу вратот беше уште едно промашување.
Криси Тајген, сопругата на Џон Леџенд пак, изгледаше подобро од било кога. Иако носеше висок шлиц, длабоко деколте и многу монисти во едно, наликуваше на божица.
Џеј Ло за промена одбра широк фустан, но повторно не му одолеа на длабокото деколте до папокот. Светкавите аксесоари само го надополнија најдобриот моден погодок на Оскарите.
Во продолжение се фустаните кои беа само просечни, веќе виден избор кој не предизвика воодушевување: