Што да облечат девојките со мали гради?

Жените со помали гради често пати имаат голема мака кога одбираат соодветна облека. Најчесто, се соочуваат со проблемот да изгледаат како момче и облеката буквално да им ги проголта и тие минијатурни облини кои ги имаат.

sto-da-oblecat-devojkite-so-mali-gradi-01.jpg

Но, неколку ситни совети може да помогнат да се чувствуваат многу поженствено.

1. Затворени ролки

Затворените блузи и маици од една страна вниманието го насочуваат на вашиот лик, а од друга страна ја истакнуваат силуетата и прават вашите гради да изгледаат двојно поголеми.

sto-da-oblecat-devojkite-so-mali-gradi-02.jpg

2. Претерано длабок V израз

Предност на малите гради е што можете да одите во друга крајност, односно да облечете длабок V израз и да не изгледате воопшто вулгарно. Слободно облечете блуза или фустан со длабоко деколте, а ако сакате да изгледате супер секси, прескокнете го градникот.

sto-da-oblecat-devojkite-so-mali-gradi-03.jpg


3. Рацете во преден план

Ако сакате да го одвлечете вниманието од градите, облечете блуза или кошула без ракави и истакнете ги рацете. Идеален спој е кошулата со висока јака.

sto-da-oblecat-devojkite-so-mali-gradi-04.jpg


4. Грбот во преден план

Со оглед на тоа што градникот не ви е неопходен, слободно можете да носите фустани и маици со отворен грб. Тие ќе ви дадат женствена нота без вулгарен впечаток, кој најчесто се добива кај девојките со бујно деколте.

sto-da-oblecat-devojkite-so-mali-gradi-05.jpg


5. Истакнете го струкот

Нема градба на која истакнувањето на струкот не и одговара, но овој трик е посебно делотворен за дамите со мали гради. Пеплум моделите и здолништата се А крој се полн погодок.

sto-da-oblecat-devojkite-so-mali-gradi-06.jpg


6. Детали и украси

Уште еден супер делотворен трик. Бирајте маици и блузи со украсни копчиња и детали во пределот на градите. Правилото е јасно – колку е пошарена блузата, толку поголеми ви изгледаат градите.

sto-da-oblecat-devojkite-so-mali-gradi-07.jpg


7. XL големина

Иако звучи контрадикторно, под широката облека никој нема да забележи колкави гради имате. Комбинирајте ги лежерните блузи и кошули со тесни хеланки и фармерки за облеката да не ве „проголта“.

sto-da-oblecat-devojkite-so-mali-gradi-08.jpg

Би можело да ве интересира:

Следењето модни трендови е вистински предизвик (низ 14 реални илустрации) Модата се движи во циклуси, па работите кои беа модерни во времето на нашите дед...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)? Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...
Омилените модни парчиња на Италијанките за топлите летни денови Долги лелеави фустани и облека од лен – што носат Италијанките во лето за да им ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg