Springfield ја претстави новата космополитска и лежерна колекција пролет/лето 2015
Springfield ги претставува новите пролетни колекции.
Лежерни, разнобојни и космополитски, брендот и оваа сезона предлага едноставна и убава облека како дел од својата носечка филозофија.
Женска линија
СОН ЗА СЛОБОДА
„Сон за слобода“ е линија инспирирана од боите на американското знаме: црвена, бела и сина. Комбинациите претставени во оваа колекција пренесуваат лежерно чувство и возбудлив микс од риги, ѕвезди и цветови кои ѝ даваат женствен пристап на темата.
СИНИ ЦВЕТОВИ
„Сини цветови“ е веројатно најженствената линија во колекцијата оваа сезона. Палетата на нежни тонови како сина, розова и екру ја носи енергијата и светлината на сончевите зраци од раната пролет во комбинација со џинс и цветни принтови. Бомбер јакните и блузите со бандана принт се носечки парчиња во колекцијата.
БОТАНИКА
Совршена колекција за млади и романтични девојки. Колекција која ја пречекува пролетта со патување до ботаничките градини исполнети со слатки мириси. Цветните принтови се аплицирани на водечките парчиња како парка јакните, комбинезоните, фустаните и едноставните маици.
АЈДЕ ДА ОТПЛОВИМЕ
Морнарска атмосфера пренесена во урбана средина. Жолтата боја во форма на линии, сидра и сончогледи е поставена наспроти темносината позадина, а спортските обувки се неизбежни во секоја комбинација.
Машка линија
НАДВОР ОД КАНЦЕЛАРИЈА
Црната и сивите нијанси во комбинација со бела боја, го доживуваат својот ‘comeback’. Лежерен и урбан стил со доза на спортски елементи. Црна бомбер јакна, бела блуза со блуриран принт, кратка парка јакна во комбинација со црни фармерки или панталони го доловуваат потребниот ефект. Кроевите се тесни и модерни со колор блокирање кај спортските чевли, кои исто така одлично изгледаат и во бела боја.
СРЕЌНО СЕКОЈДНЕВИЕ
Лежерна облека со позитивен и оптимистички став. Црвена, бела и сина за релаксиран изглед. Најпрепознатливи парчиња од колекцијата се маиците со две впечатливи линии, бејзбол јакните, блејзерите, ветровките во разиграни бои и индиго фармерки...
ПУСТИНА
Колекција инспирирана од сафари и пустината, која се базира на земјени бои – песочна, зелена, беж и силно избелување на џинсот. Парка јакната е носечко парче, а афро мотивите се присутни кај маиците и блузите.
„COOL” СИНИЛО
Доминантна индиго боја, комбинација на ројал сина боја и тиркизни тонови. „Разводнетите” тонови и комбинации како палто со бермуди со апстрактни принтови. Маиците пак, се исто така избелени, а присутни се и џинс кошулите и панталоните. Многу свеж cool син изглед.
Погледнете дел од новата колекција за пролет/лето 2015: