Бремената Кејт Мидлтон со совршени модни комбинации (фото)

Таа е број еден британска модна икона која каде и да се појави измамува воздишки. Секогаш облечена во стил и одбрани парчиња. Кејт Мидлтон е пример за тоа како треба да изгледа една жена, но и современа принцеза.

bremenata-kejt-midlton-so-sovrseni-modni-kombinacii-foto-01.jpg

При посетата на Портсмут, таа е облечена во едноставен црн фустан со дезен од мали бротчиња и крој кој ја следи линијата на нејзиното тело, но има доволно слободен простор за да не го оцртува трудничкото стомаче.

Можеби ако го забележите на закачалка фустанот нема да ви остави некој посебен впечаток, но таа знае и наједноставното и најевтиното да го носи со стил.

По посетата на пристаништето, таа се прошета и низ околината облечена во прекрасен бел капут, кој повторно совршено ѝ стои.

Без некои посебни додатоци, бидејќи единствено важен е кројот во вид на фустанче во долниот дел и белото тенко ременче под градите. Комбинирано со тегет плик чанта и тегет салонки на високи потпетици, ѝ даваат перфектен изглед.

На крај таа е дел и од церемонијата за доделување на трофејот во натпреварот за избор на најдобрата јахта, на кој се натпреваруваат минатогодишниот победник и овогодинешниот нов предизвик.

Кејт е повторно облечена во елегантно спортски стил, црно-бела туника на кратки ракави со интересни црни линии околу ракавите и струкот и здолниште до колена.

Погледнете ги сите нејзини модни изданија за време на посетата на Портсмут:

Би можело да ве интересира:

Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
4-годишно момче од Скопје е модна инспирација на Инстаграм „Инстаграм профилот на Алексеј е креиран од неговото раѓање, а како растеше сам ...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg