Мадона со гол задник, Ријана како торта, Ким Кардашијан во пењоар на Греми 2015 (фото)
Синоќа, во Лос Анџелес се случуваше најважната музичка ноќ во годината. Но, 57-те Греми награди дефинитивно беа и одлика на невкус и избројаа најмалку 10тина модни грешки.
Помеѓу најкатастрофално облечените беа поп кралиците Мадона и Ријана, а на нив им се приклучија старлетата Ким Кардашијан и младата Мајли Сајрус.
56-годишната Мадона одбра Givenchy корсет, кожни ракавици, мрежести хулахопки и високи чизми над колена. Но, со текот на годините изгледа ексцентричноста веќе не и поминува. Плус, никој не беше воодушевен од голиот задник на црвениот тепих.
Убавицата од Барбадос пак, направи модна утка со розовиот помпезен фустан во кој изгледаше како огромна торта покриена со розов шлаг.
А, затоа што ниту една листа нема да биде целосна ако на неа не се најде Ким, златниот пењоар дефинитивно вреди да се спомене. Креација на Jean Paul Gaultier која не помина најгламурозно.
Мајли Сајрус пак, очигледно не се трудела да изгледа елегантно и гламурозно, па црниот макси фустан со дупки по страните, не ги воодушеви присутните.