Холивудски стилисти советуваат: Избегнете ги овие 3 најчести модни грешки
Никој не се родил учен, затоа е време да научите кои модни грешки мора да ги избегнувате...
Голем број дами, кои важат за најдобро облечени, зад себе имаат армија од стилисти и модни стручњаци кои секојдневно ги советуваат и им помагаат да го изградат својот стил.
Стилското модно дуо Емили Карент и Мерит Елиот, одговорија на прашањето за тоа кои се најчестите грешки кога е во прашање облеката:
1. Носење облека која не ни одговара:
„Скратете ги панталоните, прекројте ги здолништата, стеснете ја кошулата или спуштете го струкот за подобар изглед. Најважно е на вашето тело да одговара кројот на моделот инаку не ви вреди ниту материјалот, ниту марката”.
2. Кога се облекуваме несоодветно за сезоната:
„Наместо да шетате во фустани со цветен дезен, за зимскиот период одберете волнени фустани или туники. Во текот на зимата никако не се носат сандали, ниту пак чизми во лето, без разлика колку убаво изгледате во нив со кратки панталони”.
3. Кога носиме нешто во кое не се чувствуваме удобно:
„Самодовербата е најдобриот аксесоар кој една жена може да го носи на себе. Затоа, подобро облечете удобни чевли со стабилна пета, отколку високи потпетици на кои едвај се движите. По вашето одење, става и гримаси може да се забележи дали облеката ви е комфорна или не”.