Полните манекенки со облини го освојуваат светот на модата! (фото)

Во последно време сè повеќе модни магазини на своите насловни страници не објавуваат премногу слаби, анорексични фотомодели, туку обични природни жени со раскошни облини.

slabite-devojki-se-out-vo-moda-se-seksi-debelki-manekenki-01

Сето ова не би било така, да не се појавеа овие 5 дебелки убавици.

Кога агенцијата Ford Models во 2013 година го затворила своето одделение за „plus size“ модели, петте отпуштени манекенки одлучиле да не дозволат тоа да биде пораз за дебелите, туку повод за да се здружат.

Тие ја основале групата АЛДА, за колективно да ја промовираат различноста во модната индустрија.

Така, Ешли Грејем, Даниелe Редман, Инга Еирксдотир, Џули Хендерсон и Маркита Принг, стигнаа до самиот врв.

Токму поради тоа дале интервју за февруарското издание на магазинот „Bust“ во кое зборуваат за своите сфаќања на женската убавина.

- Ме нарекуваа „плус сајз“ модел уште на 15 години. Не се срамам под тоа. Всушност, не ми е гајле. Во ред е ако сакате да ме нарекувате „плус сајз“ модел, но на крајот на денот, јас знам која сум. Ја сум модел. - изјавила Ешли Грејам, една од најпознатите плус сајз модели во светот.

Иако на прв поглед некои од овие девојки воопшто не изгледаат според дефиницијата за „плус сајз“ модели, сепак тие се само подебели во однос на слабите модели кои обично дизајнерите ги бираат.

„Плус сајз“ манекенките во последно време го пронајдоа своето место, а границите лесно се поместуваат, што може да се види од примерите на Тес Холидеј, најкрупната „плус сајз“ манекенката која работи за позната модна агенција.

- Модата диктира толку многу работи во нашите животи, а девојките растат со субјективно влијание на трендовите за тоа што е убавината. Нашето мото е дека секоја жена е прекрасна. – порачува Џули Хендерсон.

Покрај тоа, не треба да го заборавиме и трендот на големите задници кои ја одбележаа 2014-та година, како и женските идеали за убавината кои почнаа да ги претставуваат убавици со раскошни облина како Ким Кардашијан, Ники Минаж, Џенифер Лопез, Иги Азелија и други.

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии? Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg