Носи XL облека и позира за „Vogue“ (фото)
Со години ја исмејувале и ѝ зборувале дека е премногу ниска и дебела за да биде модел. Но, Тес Холидеј докажала дека во животот може да успеете во сè што ќе наумите, колку и тоа во некои моменти да ви изгледа невозможно.
Тес успеа да се најде и во магазинот „Vogue“, нешто за кое Ким Кардашијан мораше да се труди со години, за на крајот целата работа да ја заврши нејзиниот сопруг Канје Вест.
Висока е 165 cm, а носи број на облека 48 или XL и претставува најкрупна плус-сајз манекенка во светот на модата.
Кога била тинејџерка често се пријавувала на кастинзи за модели, но секогаш ја одбивале.
Години подоцна, кога и крупните модели станаа актуелни, на Инстаграм ја открила сопственичката на агенцијата „Milk Model Management“, Aна Шилинглоу, кога случајно налетала на нејзина фотографија и видела колку е популарна Тес на социјалните мрежи.
Оваа манекенка која често се фотографира во долна облека сака да пренесе порака дека сите девојки треба да се чувствуваат убаво и да имаат самодоверба без оглед на килограмите.
Погледнете како изгледа: