3 важни правила за ниските девојки: Како да одберете чизми кои ќе ве направат повисоки?
Ако сте девојка со низок раст, веруваме дека изборот на чизми секогаш ви предизвикува главоболка.
Треба да пронајдете модел кој совршено и одговара на вашата ситна градба, а тоа не секогаш е лесна задача.
Секако, не можете постојано да носите чизми со вртоглаво висока потпетица, па затоа мора да се снаоѓате со вечно посакуваните сантиметри плус.
За да не се мачите при следното одбирање на чизми, ова се единствените правила до кои треба да се задржите:
1. Одбирајте модели кои имаат благ шпиц
2. Било каквата потпетица е голем плус, дури и да е минијатурна
3. Сакате рамни чизми? Одберете ги оние со најмалку метални детали
Совет плус: Трудете се чизмите секогаш да бидат во иста боја со фармерките, пантоланите или хулахопките за да добиете визуелно подолги нозе.