Удобни модни предлози за секој ден: Кога температурите ќе се спуштат под 0
Минусните температури полека ни стануваат секојдневие, а топлите палта и јакни задолжително парче гардероба кое не секогаш ни изгледа привлечно.
За полесно да се вклопите во ова студенило кое владее веќе со недели, ви предлагаме слоевито облекување, топли џемпери, многу разновидни шалови и капи, како и штосни чизми.
Ако работното место ви дозволува, слободно опуштете се и облечете се потопло или префрлете едно топло пончо над палтото.
Ако одите на дневно кафе или прошетка, слободно облечете ги најтоплите чизми кои ги имате, а не оние по најнова мода.
Парка јакните и ретро капутите од дебела ткаенина се повторно актуелни, а вечен зимски хит кој сигурно ќе ве стопли и ќе ви додаде доза префинетост на изгледот дефинитивно се високите чизми над коленици, затоа не ги избегнувајте.
Не секогаш удобното и топлото изгледа помалку модерно.
Убедете се во тоа: