Од градинка на писта: 4-годишната Лореана од Белград веќе е светски модел
Лореана е 4-годишно девојче родено во Белград. Нејзиниот татко има темна боја на кожата, додека нејзината мајка е бела. Резултатот од овој мешовит брак е прекрасен!
Малечката Лореана веќе извесно време се занимава со моделинг, а неодамна е одбрана за заштитно лице на светски позната модна куќа.
Ако ја прашате нејзината мајка Марија, таа тврди дека Лореана не се разликува многу од другите дечиња. Освен тоа што оди во градинка, во слободно време учи да позира и оди правилно.
Малечката модна икона секогаш сама одбира што ќе носи, затоа што е вистинска вљубеничка во модата.
„Сè во нејзиниот гардеробер е соодветно на годините, така што нема место за грижа“, вели нејзината мајка.