Вистинската причина заради која постојано немате што да облечете
Колку пати ви се случило да гледате во гардероберот полн со облека, а да чувствувате дека буквално немате ништо да облечете?
Не сте единствени, затоа што оваа мака ја има секоја жена, па дури и онаа која ви изгледа како секој ден да носи нова облека.
Овој женски феномен најдобро го објасни цитатот на фантастичниот Мајкл Корс, кој има прилично издржано мислење.
Според Мајкл Корс, 70% од облеката би требало да биде комбинација од „месо и компир“ (тука спаѓаат стандардните класични парчиња облека), додека преостанатите 30% би требало да бидат „сосови и глазури“ (бои, дезени, металик обувки и аксесоари).
Токму тогаш ќе сфатите дека грешката се прави кога жените имаат погрешна перцепција, односно почесто купуваат шарена облека, отколку класична и еднобојна.
Тука лежи клучот на добриот изглед, затоа нурнете се во вашиот гардеробер и обидете се да воведете нов ред.