5 пара чевли кои секој маж треба да ги има оваа есен
Помина времето кога црните лакирани чевли се носеа исклучиво на сако, кога кафените мокасинки беа предизвик и кога патиките беа исклучиво за во теретана.
Без оглед на поводот и настанот на кој ќе присуствувате, овие 5 пара чевли треба да ги имате на располагање оваа есен:
Црни елегантни чевли
Факт е дека црните чевли никогаш нема да излезат од мода. Лакирани, од превртена кожа или порабени со конец кој формира капа кај прстите - изборот зависи од стилот. Соодветни се за секоја прилика во која носите кравата, па затоа вреди да ги имате на располагање.
Кафени чевли
Во овој случај мислиме на нешто полежерна варијанта и модел кој ќе одговара на вашите омилени фармерки, но и кафено сако.
„Челзи“ чизми
Овој тип на плитки, кожни чизми станаа посебно популарни помеѓу лондонскиот моден врв, а нивна главна одлика е удобноста. Одлично се комбинираат со фармерки, кошули, топли џемпери и лежерни палта.
„Чука“ чизми
Веројатно веќе имате еден пар вакви, но никогаш не знаевте дека се полн моден погодок. Актуелни и модерни се повеќе од 6 децении, па зошто не би ги износеле оваа есен.
Високи патики
Високите патики со голем јазик се секогаш одлични за лежерна варијанта со омилените тренерки, фармерки и дуксери. Комбинацијата од повеќе материјалите е секогаш голема предност.