Најубавите фустани на Лупита Нионго (фото)
Прекрасната и скромна Лупита Нионго преку ноќ стана најугледната стилска икона чие секое ново појавување на црвениот тепих е префинето, гламурозно, а сепак ненаметливо.
Лупита го негува изразено темниот тен и обожава да му „контрира“ со креации во свежи, пастелни и неонски бои, а што се однесува до шминката, сака да се задржи до едноставноста и природниот изглед.
До сега неколку пати беше прогласувана за најдобро стилизирана жена од повеќе модни магазини, а чувството за мода го истакна и преку неколку модни едиторијали за врвни брендови.
На црвениот тепих сака да се појавува во уникатни и до сега невидени креации за кои е потребна малку поголема храброст, па затоа издвоивме само мал дел од нив: