5 стилски правила кои секоја жена мора да ги знае
Нема жена која не сака да изгледа уредно и беспрекорно, но има многу жени кои секојдневно ги прават истите модни грешки.
Запаметете ги основните 5 стилски правила на секоја дама со изострено чувство за мода и потрудете се да ги примените уште денес.
1. Носете облека во која се чувствувате моќно, самоуверено
Самоувереноста е најдобриот аксесоар кој можете да го ставите на себе, затоа што не постои помодерна жена од онаа која е убедена во својата убавина. Ако ја носите вистинската облека, онаа која ви одговара и која ве прави да се чувствувате пријатно и атрактивно во исто време, не би требало да имате проблем со самодовербата. Затоа, не носете ништо што не ви е удобно.
2. Скапиот пар чевли на вашите нозе не се брои како погодок, ако не е совршено удобен
Ако во омилениот пар чевли не можете да одите минимум 1 до 2 километри и веќе на сам старт ве стегаат и нервираат, соблечете ги веднаш. Дури и во највисоките потпетици треба да можете да одите, не само да седите.
3. Бидете верни на својот стил
Вашиот стил е совршен ако не се откажувате од него, затоа што не може да постои ниту една друга жена како вас. Вие сте единствени и нема потреба да се прилагодувате на било што. Во ред е повремено да купите некој тренди модел, но држете се до личниот печат.
4. Во текот на денот не смеете да носите облека која е за вечерно излегување или класични состаноци
Често пати истите фармерки знаат да бидат и за преку ден и за навечер, истото здолниште може да биде и за во диско и за на состанок, баш како и кошулата која ви одговара во сите 4 варијанти. Но, ако сакате да делувате секогаш беспрекорно, мора да одредите што се носи преку ден, а што навечер. Минијатурните парчиња облека и темните бои се за навечер, а преку ден потрудете се да изгледате што поприродно.
5. Секогаш кажете му ДА на експериментирањето
Никој од вас не бара целосно да го промените својот стил, туку само да вметнете неколку трендови, кроеви, бои и дезени кои ви се допаѓаат во моментот.