Оливија Палермо носи крзно на оригинален начин (фото)
Оливија Палермо е позната модна блогерка и една од најдобро облечените жени на светот. Кога нејзиното име ќе го споите со најновиот моден тренд - крзното, може да црпите непресушна инспирација.
Оливија има одлично чувство за мода, па токму затоа таа успеа да го најави трендот за есен/зима – крзното во сите варијанти и комбинации.
Штом температурите опаднат, нејзин избор е вештачкото крзно во повеќе бои и дезени, кое одлично се вклопува со нејзините минималистички комбинации.
Таа ги обожава палтата и елеците од вештачко крзно, но и деталите од овој материјал - шалови, чанти и чевли.
Инспирирајте се од нејзините највпечатливи појави и додадете доза на ретро гламур во вашето секојдневие: