Моден предлог: Впечатливи, големи и топли џемпери
Плетената облека е заштитен знак на многу дизајнери во овој дел од годината. Освен што топлат, овие удобни парчиња гардероба може да создадат еден комплетно шик изглед.
На модните писти оваа есен посебно се истакнаа предимензионираните џемпери кои не можат да останат незабележани во секоја варијанта.
Некои модели се инспирирани од ретро мотивите, додека некои изгледаат романтично и женствено.
Посебно ефектни се џемперите во силни бои кои се издвојуваат од остатокот од гардеробата, надополнети со неутрални или црни фармерки, здолништа, палта и чизми.
Моделите се идеални за слоевито облекување, па затоа вреди да имате барем 3 во вашиот плакар.
Еве како можете да ги искомбинирате и конечно да се стоплите: