Правилно одржување: Како чантата да ви трае со години?
Дури и да не сте ја платиле скапо, секоја чанта која ја носите треба да изгледа негувано и сочувано.
Па, ако сакате да го задржите таквиот изглед и да го продолжите за неколку години, придржувајте се до овие совети:
1. Заштитете го материјалот
При самото купување на чантата, добро е да купите спреј или крема за одржување, зависно од материјалот. Кремата е идеална за кожните чанти, додека спрејот добро делува на превртената кожа и материјалите слични на неа.
2. Правилно чување
Наместо на крајот од денот да ја фрлите во некое ќоше или да ја закачите на закачалка, ставете ја во навлака или кутија која ќе ја одржи формата. Никогаш чантите не ги чувајте во пластични кеси кои може да создадат влага и да го оштетат материјалот.
3. Флеките чистете ги веднаш
- Флеките од храна чистете ги така што ќе изрендате креда врз местото и ќе ја оставите да отстои преку ноќ. Утрото исчистете со сува крпа.
- Флеките од масло отстранете ги со пченкарен скроб кој има голема моќ на впивање. Тријте ја со него флеката, а потоа исчистете го сува крпа.
- Флеките од мастило не можете да ги извадите во домашни услови, затоа што побрзо однесете ја чантата на хемиско чистење.
4. Заштитете ја внатрешноста
Сите шминки и ситници чувајте ги во различен несесер. Така никогаш нема да имате флека од пудра или мастило, а рабовите на поставата ќе останат како нови.
5. Заштитете ги металните делови
По извесен период сите метални ланчиња и плочки на чантата го губат сјајот, па и бојата. Затоа, штом ја купите чантата, металните делови премачкајте ги со безбоен лак за нокти.