Почина легендарниот дизајнер Оскар де ла Рента
Еден од најдобрите светски дизајнери, Оскар де ла Рента, почина во понеделникот (20.10.2014) на возраст од 82 години, известија светските медиуми.
Добро познат по своите креации кои дефилираа на секој црвен тепих, најгламурозниот моден момент Оскар го доживеа пред неполн месец, кога го дизајнираше невестинскиот фустан на Амал Клуни.
Оскар де ла Рента изгради име во светот на модата уште во 1960-те, кога ја стилизираше гламурозната Жаклин Кенеди.
Од тогаш па до денес, имињата како Сара Џесика Паркер, Ема Вотсон, Пенелопе Круз, Опра Винфри, па дури и моменталната прва дама на Америка, Мишел Обама, со гордост ја носеа префинетоста на неговиот потпис.
Во чест на неговата големина, ова се мал дел од најдобрите тоалети кои се најдоа на црвениот тепих, носејќи ја неговата вечна елеганција: