7 причини поради кои вашата облека изгледа евтино
Понекогаш без оглед на тоа колку скапо сте платиле некое парче облека, истото може да изгледа евтино и износено.
Ако сакате да направите трик со кој дури и најевтината облека ќе ви изгледа отмено и скапо, задолжително почитувајте ги овие 7 правила:
1. Облека со набрани делови
Покрај тоа што првичната намена на наборите е да ги сокријат недостатоците, може значително да го намалат квалитетот на облеката. Наместо тоа, бирајте облека со строги линии или ако веќе сакате нешто поинакво, одберете точно обликувани фалти наместо лежерни набори.
2. Нитни и бижутерија зашиена за облеката
Бижутеријата не секогаш делува модерно, посебно не кога е закачена за вашата блуза. Посебно ако ви се откачи некој циркон, дури тогаш вашата маичка или џемпер ќе изгледа евтино и износено. Затоа одбирајте едноставни парчиња облека. Накит секогаш можете да додадете.
3. Темна плетена облека
Првите неколку носења може да ви делува прекрасно, но по неколку перења и сушења боите избледуваат. Па, наместо да се нервирате зошто омилената црна ролка веќе ви е за фрлање, подновете се со бела или некоја друга светла боја. Ќе делува свежо и чисто.
Уште 4 причини зошто вашата облека изгледа евтино на следната страница...