Боја која прави секоја модна комбинација да изгледа скапо
Нијансата која е во тренд веќе неколку сезони по ред е токму нијансата на карамелата.
Се работи за боја која на секој моден изглед му додава вредност од неколку нули плус. Па, ако веќе купувате палто, кошула, сако или чизми, одлучете се за оваа крем нијанса.
Заедно со бојата на темно вино, карамел-кремастата изгледа луксузно, отмено и скапо. Одлично се вклопува со сите есенски и зимски тонови, што е бонус кој ниту една друга боја не го нуди.
Доволно е да облечете обичен џинс, бела кошула и карамел пончо или високи потпетици во оваа нијанса.
Благодарение на оваа боја, во студените денови кои ни следат можете да изгледате како штотуку да сте долетале од модната недела во Париз.