Дали е ова најсексапилната буцка во светот?

Ешли Греам (27) веќе 15 години работи како „плус сајз“ манекенка и не се срами да ги покаже своите облини во секси долна облека.

dali-e-ova-najseksapilnata-bucka-vo-svetot-001.jpg

Оваа американска манекенка ги руши сите стереотипи за убавина и докажува дека и полните девојки може да бидат привлечни.

Таа секојдневно слуша навреди за сметка на својот изглед, но не дозволува тоа да ја запре.

Во последните 12 месеци ги красела некои од најпознатите модни магазини, како што се „Elle“ и „Teen Vogue“.

dali-e-ova-najseksapilnata-bucka-vo-svetot-01

Со оглед на тоа што е заштитно лице на марката „Navabi“ често се фотографира и во провокативна долна облека, а со тоа покажува дека и пополните девојки како неа имаат место на модната сцена.

За тоа често добива отворени критики и навреди. Некогаш дека е многу дебела, па дека е многу темна, па многу бела, дури и дека е многу грда. Сето тоа мора храбро да го издржи.

Сега таа смета дека по лавината од премногу слаби девојки, време е работите да се променат.

Откако се прослави како модел, сега е и моден дизајнер, па има направено своја линија за долна облека за брендот „Navabi“.

Станува збор за долна облека посветена на полните дами кои имаат облини и не се срамат да ги покажат. Најмалата корпа за градници е со ознака DD.

dali-e-ova-najseksapilnata-bucka-vo-svetot-1

- Одлично е да се види промена во индустријата и возбудена сум бидејќи сакам да видам каде тоа ќе нè одведе. - вели Ешли.

Таа смета дека работите дефинитивно се менуваат бидејќи многу брендови сега имаат линија за крупни дами, а „плус сајз“ манекенките добиваат прилика да се фотографираат за модните магазини, што порано не се случувало.

Би можело да ве интересира:

10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Зошто славните дами шетаат само по долна облека (и прават тренд од тоа)? Бела Хадид јаде парче пица додека шета по гаќи, Кајли Џенер прошета со долна обл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg